Јапонска метода против мрзливост: Принципот од 1 минута

„Од понеделник ќе почнам нов живот, ќе одам во теретана, ќе вежбам јога, ќе правам склекови…“ - секој од нас повремено си поставува некои цели и не ги постигнува, ги одложува за следниот месец, за следните неколку месеци, за цела година…

Japonska-metoda-protiv-mrzlivost-Principot-na-1-minuta -01

Понекогаш со голема волја и ревносно почнуваме да работиме на она што сме го замислиле, но ќе вежбаме, да речеме, 3 дена неделно по неколку часа, и по извесно време едноставно престануваме.

Па, зошто ова се случува? Затоа што оптоварувањето е преголемо за нас, затоа што ни станува досадно, а сè уште не сме ја развиле навиката да продолжиме со истото на подолг рок.

Методата Каизен позната и како принцип на 1 минута е јапонска метода која ќе ви помогне да се држите до целите кои сте ги зацртале.

Суштината на оваа метода се состои во тоа што човек треба се занимава со конкретна работа точно 1 минута, но секој ден и во исто време.

1 минута време – тоа е многу малку, па е нешто кое може да си го дозволи секој човек.

Со помош на оваа метода мрзливоста веќе нема да ви стои на патот. Истата таа работа што не сте сакале да ја завршите веќе пола час, измислувајќи изговори и оправдувања, со леснотија ќе ја завршите за 1 минута.

Скокање на јаже, правење стомачни, правење вежби за очи, вежбање јога, читање книга на друг јазик, што и да е – кога времето е ограничено на 1 минута, работите не изгледаат толку тешко изводливи, а секако носат радост и задоволство. Правејќи мали чекори, станувате совршени и постигнувате одлични резултати.

Ја победувате несигурноста, се ослободувате од чувството на вина и беспомошност, и чувствувате успех и слобода.

Инспирирани од успехот, постепено ги зголемувате едноминутните вежби на 5-минутни итн. На овој начин незабележливо ќе стигнете до получасовни вежби. Напредокот е очигледен!

Методот Каизен потекнува од Јапонија. На луѓето од западната култура овој метод може да им изгледа неефикасен, бидејќи на Запад е втемелено верувањето дека без многу труд не може да се постигнат добри резултати. Сепак, големите задачи одземаат многу време и енергија, можат да го скршат човекот и, згора на сè, да изостанат саканите резултатите.

Принципот Каизен е соодветен за сите и може да се примени во многу различни животни сфери.

Јапонците на пример ја користат стратегијата на постепено и постојано унапредување во сферата на менаџментот.

Останува само да почнете да го применувате овој метод согласно вашите потреби.

Најдете 1 минута време и започнете уште денес.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg