7 знаци кои потврдуваат дека кариерата ви се движи во вистинската насока
„Не е сè во парите, има нешто и во златото“, знаеме да се пошегуваме кога работите не ни одат од рака.
Факт е дека цифрите на банковната сметка во најголем дел го дефинираат нашиот професионален успех, но растот на кариерата не секогаш го одредуваат парите.
Успехот може да означува различни работи кај различен тип луѓе.
За некои, парите и моќта се предзнак за успешна кариера.
За други, да се биде среќен и исполнет од работата.
Ова се 7 знаци кои ќе ве потсетат дека вашата кариера е во подем, без оглед на парите кои ги заработувате:
Личниот напредок
Вие несомнено сте многу подалеку од почетокот и поблиску до целта од кога започнавте да работите. Научивте многу нови работи, се подобривте и надградивте себеси. Личниот професионален напредок е особено важен и нема цена.
Значењето на зборот приоритет
Повеќе не сте хаотични, неорганизирани и во константна паника. Навреме ги исполнувате обврските и спиете мирно, затоа што научивте да кажете НЕ кога тоа е потребно и конечно знаете што од сите зададени задачи е всушност приоритет за сработување.
Сметајте дека има луѓе коишто целиот живот нема да го научат тоа.
Желбата за учење нови работи
Жедни сте за знаење. Постојано учите од грешките и ги прифаќате. Ги слушате советите од поискусните колеги и претпоставените и веќе сте на чисто дека колку повеќе впивате знаење и информации, толку повеќе прозорци и нови хоризонти се отвараат на повидок.
Славењето на малите успеси
Да, постојат важни моменти и успеси во животот кои им се заеднички на многумина, но вие си ги цените и малите успеси. Денес ве пофалија за добро извршената задача. Клиентите се задоволни од вашата работа и односот. Одвојте момент да се почестите, бидејќи секој голем успех започнува со низа помали, кои никогаш не смеете да ги занемарите.
Култивирање добри навики
„Ние сме она што постојано го повторуваме со однесувањето“, кажал Аристотел.
Вие едноставно се стекнавте со неколку добри навики. Запознавте да станувате порано. Водите детален роковник за сите настани и ништо не ви се провлекува заборавено. Вашата професионална рутина е драгоцена, секој посакува точен и одговорен работник.
Стремеж кон емоционална интелигенција
Никој од нас не може совршено да ги контролира своите емоции, а понекогаш тоа е особено тешко на работното место.
Но со правилно идентификување на емоциите, сфаќате каква улога играат во вашиот живот и можете да ги свртите во своја корист и да ве зајакнат, наместо да претставуваат ризик.
Воедно, чувството за емпатија кое го развивате со текот на времето може само да ви помогне во кариерата, наместо да ви одмогне. Сите сакаат луѓе, никој не сака роботи.
Упорност и неоткажување
Еден од клучните моменти во кариерата е упорноста.
Некои се откажуваат токму пред целта. Некои на самиот почеток, а други се откажале уште пред започнувањето на каква било активност.
Немој да бидете ниту еден од нив. Патот од илјада милји, започнува со првиот чекор.
Истрајноста и упорноста се особено важни. Тоа се нарекува успех.
(О)Милена | Црнобело