Работодавците откриваат: 9 грешки кои скапо ќе ве чинат на интервјуто

Во нормалниот свет каде што вработувањата течат по вообичаен стандарден тек, интервјуто за работа е цел еден процес кој се сфаќа многу сериозно.

Rabotovacite-otkrivaat-Ovie-9-greski-skapo-ke-ve-chinat-na-intervjuto-01.jpg

Во најголем процент од случаите, сопственото презентирање на интервјуто е пресудно дали ќе ја добиете работата или не.

Работодавачите ги откриваат овие најчести грешки, кои може скапо да ве чинат и да предизвикаат инстантно пречкртување на вашето име од списокот на потенцијални кандидати:

Доцнење

Работодавачот веднаш оформува груба слика за вас, не знаете да го менаџирате времето, неодговорни сте и се сомнева дека може да се потпре на вас за завршување на работите.

Воедно, не го цените туѓото време. Нудењето празни изговори дополнително ја влошува ситуацијата.

Непристојна облека

Длабоко деколте, прекратко здолниште. Невкусна шминка, нападен парфем, доаѓање на интервју во влечки или куси машки панталони. Од една крајност во друга. Клучот е одмерено и скромно облекување за пријатен прв впечаток. Вие зборувате за себе, не драмата која ја предизвикува облеката.

Несериозен пристап

Ги поздравивте потенцијалните работодавачи ноншалантно, како друштвото во дискотека. Го започнувате разговорот со непристоен виц, се смеете кога нема простор за тоа. Убаво е да се биде опуштен на интервју, но не и несериозен.

Не знаете ништо за компанијата

„Дали знаете со што се занимава нашата компанија?“ „Паа, не баш“.

Секогаш, апсолутно секогаш истражете ги податоците за компанијата каде што одите на интервју. Тоа покажува посветеност и заинтересираност.

Кој ќе вработи човек кому не му е гајле каде оди на интервју?

Зборувате премногу

Никој не сака мумии на интервју, бидејќи не е натпревар на пантомима.

Но, премногу зборување исто така не е во ред. Зборувајте сигурно и течно, со умерено темпо.

Дадете му простор за изразување на работовачот. И никогаш, НИКОГАШ не го прекинувајте додека зборува.

Прерано прашувате за платата

Овој дел од разговорот следува во делот кога ве прашуваат имате ли некакви прашања.

Не на самиот почеток, кога уште не сте го кажале своето име.

Ѕвонењето на мобилниот

Нема оправдувања. Никакви. Сте заборавиле да го исклучите мобилниот, значи дека не размислувате ниту 2 чекори напред и ги занемарувате општите правила на пристојно однесување.

Ширење негативни работи за претходната компанија

Избегнувајте да зборувате за лошите искуства во претходната компанија и поранешниот работодавач. Тоа зборува многу за вашиот карактер, лојалност и интегритет.

Не паѓајте во замката, дури и доколку оној кој го врши интервјуто е упорен. Едноставно кажете дека сакате да напредувате, искуството било драгоцено, но време е за ново поглавје во вашиот живот.

Очекувате работодавачот да ги постави сите важни прашања

Понекогаш оние кои го спроведуваат интервјуто намерно изоставаат важни работи, чисто да проверат дали вие ќе ги вклучите во дискусијата.

Бидете подготвени и сконцентрирани. Она што нема да го праша работодавачот, прашајте го вие.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg