Трикови од психолозите: Како да престанете да ги одложувате обврските?
Обично работите вака се одвиваат: имаме задача, знаеме дека имаме доволно време да ја завршиме, се релаксираме и одеднаш, сфаќаме дека немаме време, крајниот рок пристигнал и работите ги правиме неквалитетно и под стрес.
А, најлошата работа од сето тоа е што секојпат си велиме: „од утре нема вака, од утре сè ќе си почнувам навреме“...
Научниците велат дека постојат неколку главни причини заради кои ги одложуваме работите:
1. Се плашиме дека без разлика на сè, нема да бидеме доволно добри.
2. Научени сме да работиме многу работи наеднаш.
3. Ја преценуваме сопствената сила
4. Премногу работиме и немаме волја да започнуваме нови работи
Поминуваме часови во насочување на вниманието на други работи, ја губиме визијата за тоа кои се нашите цели и на датумот кога веќе треба да имаме завршено одредена работа сме разочарани, гневни, фрустрирани и избезумени, а со тоа и помалку продуктивни.
Според психолозите Дајен Тајс и Рој Џеј Баумајстер, одложувањето на обврските е навика во која уживаме моментално, но скапо плаќаме подоцна.
Некои од најголемите негативни ефекти на одложувањето на обврските се:
1. Депресија
2. Ниска самодоверба
3. Анксиозност
4. Стрес
5. Нереални очекувања (пример, дека ќе бидеме продуктивни до самиот краен рок)
Но, како што се чини, постои систем кој може да ни помогне да избегнеме одложување на обврските додека не пристигне нивниот краен рок.
Потребно е да имаме продуктивен животен систем кој се состои од 7 навики и работи:
1. Потребно е сами да се мотивирате да ги започнувате обврските навремено.
2. Потребно е сами да си ставате крајни рокови пред да дојде вистинскиот краен рок.
3. Важно е да си имате пријател или ментор кој ќе ве притиска .
4. Исто така, важно е да работите во интервали, одмор, работа, одмор и повторно работа...
5. Важно е да ги тргнете на страна сите работи кои потенцијално можат да ви го одземат вниманието.
6. Морате здраво да се исхранувате.
7. И да вежбате најмалку 30 минути.
Најважната работа од сите, секако, е мотивацијата која за жал, многу луѓе тешко можат да ја пронајдат. Постои едно прашање кое може да ви помогне, а тоа е „Зошто го правам ова?“. На тој начин секогаш давате значење на работите, а кога имаат значење, полесно наоѓаме смисла и мотивација да ги извршуваме.
Уште една поважна работа е да правите паузи на работа, посебно од задача до задача.
На крајот, ако успеете да се држите до системот, полека, но сигурно ќе се ослободите од навиката да ги одложувате обврските.
Н. Г. | Црнобело