5 совети кои ќе ви помогнат да останете позитивни додека барате работа

Барањето работа може да ве депримира или да ве фрустрира, но имајте трпение. Вистинската работа и можност сигурно е веднаш зад аголот. 

5-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-ostanete-pozitivni-dodeka-barate-rabota-01

Без разлика колку тешко и невозможно ви изгледа, важно е да останете со позитивен став.

Ова се 5-те совети кои ќе ви помогнат во тоа:

1. Насочете ја енергијата

Кога сте заглавени барајќи работа подолг временски период, премногу е лесно да се чувствувате немоќно и беспомошно. Затоа, наместо да се насочите кон сите нешта што не можете да ги контролирате, направете напор и фатете ги конците на сите нешта врз кои може да влијаете.

Ова значи да ја насочите енергијата во тоа да бидете најдобриот кандидат – средете го резимето, земете курс за да ги обновите или научите нови вештини кои можат да ви бидат од голема корист, започнете сопствена веб-страница во која ќе ја изложите претходната работа, направете сѐ што мислите дека ќе ви даде предност во однос на конкуренцијата.

Можеби нема да можете да го контролирате целиот процес, но треба барем да се обидете да бидете најдобри во она над што имате контрола.

2. Сменете ја стратегијата

Покрај толку многу апликации кои се праќаат онлајн, честопати ќе се почувствувате како да испраќате податоци во „Црната дупка” на интернетот, притоа воопшто не гледајќи исплатување на целиот труд кој сте го вложиле.

Ако почнувате да се чувствувате фрустрирано и исцрпено од постојаната потрага, пробајте да го промените начинот на кој ги правите нештата. Тргнете се од екранот и закажете информативно интервју или излезете од зоната на комфорот така што ќе одите на некој од бизнис настаните.

3. Излезете од домот

Освен фрустрирано, може да се почувствувате и мрачно и да ја изгубите мотивацијата. Наеднаш, вечерите поминати како мрзливец ви звучат како само за тоа да ве бидува после долг и напорен ден од бесполезно барање работа.

Но, ако излезете од вашиот дом, сигурно ќе се наполните со енергија. Затоа, одете на прошетка, сретнете се со пријателите или пак зачленете се во теретана. Направете рутина која ќе ве тера секој ден да излегувате.

4. Волонтирајте

Ако барате решение на проблемот како да излезете од дома, а и нешто што добро ќе ви влијае на угледот и благосостојбата, тогаш барајте можности за волонтирање. Волонтерството е одлично бидејќи тоа е можност да учите и да се здобиете со нови вештини. Кога волонтирате, можете да пробате нешта кои вообичаено не би ги пробале во конвенционалната работна околина.

Второ, тоа е ефективен начин да запознаете нови луѓе во релаксирана средина и овие контакти можат да ви помогнат во барањето работа. Никогаш не знаете кого ќе сретнете.

5. Истражувајте ги можностите

Наместо барањето работа да го гледате како напор, гледајте го како можност да откриете нови патишта во кариерата и да сфатите што навистина сакате да работите. На крајот на краиштата, фокусирањето на нешта кои навистина ги сакате е освежителна промена наместо да барате било каква работа.

Пробајте да најдете поинаква бизнис можност или неплатена работа која ќе ви помогне да се здобиете со искуство, испробајте различни можности и полнете го резимето. Или, закажете состаноци со професионалци од индустријата, за подобро да разберете што е потребно во таа бранша. Запомнете, одвојување време за да ги истражите можностите никогаш не е лоша идеја. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg