Како да останете мотивирани ако ја мразите вашата работа?
Колку само животот би ни бил полесен ако веднаш ја добивавме работата од соништата. Но, за жал, нашите желби не секогаш се исполнети - што значи дека голем дел од нас морам да поминат низ тешкотии т.е. низ работи кои прават да се чувствуваме уморни.
Тоа може да биде голем предизвик, но сето тоа е дел од процесот. Без разлика што звучи обесхрабрувачки, ваквите професии се потребни за да откриете што е она што го барате и да продолжите да се качувате по скалата на успехот.
Ова се 4-те начини за да останете мотивирани иако си ја мразите работата:
1. Глумете
Кога станува збор за истакнување на професионално ниво, ова е еден од најдобрите совети кои може да ги добиете. Но, не подразбираме да бидете лицемерни, туку да ја држите главата исправена и да се трудите да го дадете вашиот максимум – иако ви доаѓа да дадете отказ. Најлошото нешто што може да го направите е да се однесувате како да не ви се допаѓа она што го работите, иако искрено го мразите.
Макар да заглавивте во најлошата позиција која ви ја цеди креативноста и душата, сепак мора максимално да се потрудите. Ако оваа работа е отскочна даска во вашата кариера, тогаш сакате да бидете сигурни дека ќе изградите позитивна професионална репутација како посветен вработен кој сака да им помогне на сите, а не да бидете нерасположена и себична личност која едвај работи.
Плус, вложувањето на максимум во секој проект кој го мразите најверојатно ќе ви помогне да го подобрите ставот и погледот кон целата ваша работа. Сетете се на последниот пат кога имавте лош ден. Ако го поминавте целото време жалејќи се колку нештата се ужасни, тогаш сигурно сте се чувствувале уште полошо. Но, ако сте одглумиле насмевка и сте се потрудиле да продолжите понатаму, тогаш сигурно работите се променале.
2. Истражете ги другите можности
Кога работите работа која не ја сакате, тогаш е премногу лесно немате никаков поттик и предизвик за работа. Честопати, од вас зависи дали ќе ги преземете нештата во вашите раце и да пронајдете други начини да почувствувате задоволство на крај од работниот ден, а истражувањето на други можности е една од најдобрите идеи.
Започнете од вашата сопствена канцеларија. Разговарајте со шефот околу нови проекти или задачи на кои би можеле да работите. Или ако имате некакви идеи кои сметате дека може да бидат од корист на целата компанија тогаш предложете ги. Можеби ќе добиете нова задача која ќе ви се допадне.
Ако мислите дека можностите во таа фирма ви се ограничени, тогаш слободно побарајте нешто надвор од 4-те ѕида на вашата канцеларија. Дали би сакале да волонтирате? Дали можете да се зачлените во професионална организација која ќе ви го даде тој потребен поттик, а сепак ќе има бенефиции од вашите способности и експертиза?
Не мора да значи дека ова што сега го работите дека ќе го работите засекогаш. И иако е фрустрирачки да не го добиете тоа што го сакате, нема правило кое вели дека не можете да го добиете тоа од други извори. Затоа, излезете и истражувајте!
3. Одвојте ја работата од останатиот дел од животот
Иако работата е голем дел од вашето секојдневие, сепак не можете целото време да го посветите само на неа т.е. опседнувајќи се колку ви е лошо на моменталната работна позиција – така само ќе се чувствувате фрустрирано и како да ви е поминат рокот на траење.
Затоа, дури и да сте имале навистина лош ден на работа, потрудете се сето тоа да остане зад вас кога ќе завршат работните часови. Никако не си дозволувајте да останете лути и нервозни и не ѝ дозволувајте на лутината да ве обземе. Ако продолжите со лошото расположение тоа значи дека ќе ви биде уште потешко да влезете со позитивен став во канцеларијата следниот ден.
4. Направете листа
Некогаш ви е потребна мотивација за да останете позитивни кога работите нешто што навистина не ви се допаѓа. Запишете ги сите позитивни аспекти на вашата работа – тоа може да бидат одличните колеги, менаџирањето на вашиот шеф или сл. Направете листа од сите позитивни атрубити на кои може да се сетите.
А таа листа чувајте ја на некое видливо место и кога мислите дека не можете да издржите уште еден ден, погледнете го тој список. Тој ќе се потсети на убавите страни од вашата моментална професија и ќе ви помогнат да престанете да мислите толку негативно.
Важно е да запомните дека не сте сами – скоро сите поминуваат низ ова и мора да издржите. Исто така, мора да го дадете вашиот максимум, иако некогаш изгледа како невозможно. Секоја работна позиција ја гради вашата професионална репутација и кариера, а сигурно сакате да бидат составени само од позитивни нешта.
С. С. | Црнобело