Трчајте постојано: Кардио тренинзите се клуч за професионален успех

Постои добра причина зошто краткиот „џогинг“ ви годи кога сте под стрес, а најновите истражувања откриваат дека тој не само што ќе ви помогне да се ослободите од емоционалниот набој, туку и ќе ви помогне да дојдете до професионален успех.

trcajte-postojano-kardio-treninzite-se-kluc-za-profesionalen-uspeh-01

Веројатно познато ви е и од лично искуство чувството на ментален и физички колапс кога едноставно сте преморени од работните обврски и стресните ситуации на работното место. Овој замор може да влијае и на квалитетот на работата која ја извршувате.

Неодамнешно истражување направено во Австралија покажува дека редовните кардио тренинзи можат да ве заштитат токму од овој ментален и физички колапс на крајот од работниот ден.

Научниците од Универзитетот во Њу Ингланд одлучиле да проверат во колкава мера физичката активност може да влијае на ублажувањето на симптомите на колапс на работното место.

Во истражувањето учествувале 50 физички неактивни лица на возраст од 19 до 68 години. Овие испитаници биле поделени во три групи. Задачата на првата група била во своето секојдневие да вклучат и кардио тренинг, втората група да вклучи напорни вежби, а третата да остане неактивна.

Сите испитаници воделе дневник во рок од 4 недели.

Потоа биле употребувани неколку скали за мерење на влијанието на кардио тренинзите: субјективното искуство запишано во дневникот, нивото на стрес мерено преку кортизолот во крвта и психолошка скала која го мери „burn out“ ефектот на ментален и физички колапс.

По истражувањето, научниците заклучиле, дека вежбите значајно и помагаат на личност да се справи со секојдневниот стрес на работа и да се заштити од ментален колапс.

Американскиот институт за истражување на стресот открива, дека „стресот има неповолно влијание на продуктивноста на работа“.

Можеме да заклучиме дека здравите и среќни работници се и успешни и продуктивни работници, а физичката активност е клуч за успех на работното место.

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg