Какви видови на колеги постојат?

На работа се среќаваме со најразлични видови на соработници и колеги, а за полесно да ги категоризирате и препознаете погледнете какви сѐ видови постојат.

kakvi-se-vidovi-na-kolegi-postojat-1

Откако ќе ги категоризирате, ќе можете полесно да се вклопите во средината и ќе умеете да се справите со секој од нив:


Колеги „делегатори”

Секогаш поставува прашање од типот: „Можеш ли да ми помогнеш со...” или кажува реченици како: „Би требало да...”, а кога е задолжен за голем проект, тогаш работата ја префрла на други. За да го спречите само одбијте го јасно и гласно и кажете дека и вие сте затрупани со работа.


Колеги „контролори”

Вашите идеи за унапредување на работата можат да наидат на отпор од страна на овие колеги кои не поднесуваат промени, бидејќи имаат чувство дека губат контрола. Затоа, прашувајте ги сите за мислење, бидејќи така ќе им дадете до знаење дека и понатаму ќе ја имаат контролата.


Колеги „сезнајковци”

Тие се уверени дека имаат лидерски квалитети и секогаш доаѓаат први на работа. Имаат решение за секој проблем и зрачат со самодоверба. Дајте им до знаење дека ги цените нивните квалитети, но потсетувајте ги дека тимската работа е исто така важна.


Колеги кои одолговлекуваат

Нивното мото е: „Што можам денес, ќе можам и утре”. Распоредот секогаш им е натрупан бидејќи не можат ништо да завршат на време, а всушност тие само си ги одложуваат обврските. Има две опции: Или навистина имаат многу работа или се само мрзеливи.


Колеги „озборувачи”

Не престануваат да шират озборување и со тоа ја загрозуваат атмосферата на работа. За да се изборите со нив, потребно е да им дадете до знаење дека нивните озборувања не допираат до вас.


Колеги „здодевни”

Секогаш подготвени за разговор. Умеат да прават сѐ освен да работат. Често ќе ве сретнат и ќе ве прашаат „Имаш една минута?”, а потоа ќе ве тормозат цел час. Само кажете им „Не” и ќе си побараат друга жртва. 


Што мислите, каков колега сте вие?

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg