Како треба да се однесува џентлеменот во канцеларија?

Доброто одело не е ниту предуслов ниту пак неопходно за да бидете џентлмен, туку потребно е да бидете софистицирани, љубезни и професионални на работното место.

kako-treba-da-se-odnesuva-djentlmenot-vo-kancelarija-1

Ако сакате да бидете вистински џентлемен на вашето работно место, тогаш следете ги овие правила:

1. Џентлменот никогаш не влегува во туѓа канцеларија ненајавен или без претходно да чукне на вратата, дури и ако таа е отворенa.

2. Доколку канцеларијата ја дели со други колеги, тогаш џентлменот знае дека неговите телефонски разговори можат да ги чујат сите. Затоа секогаш зборува тивко, не го повишува тонот и не се смее гласно додека другите работат.

3. Доколку од колегата позајми пенкало, џентлменот секогаш го враќа такво какво што му е дадено.

kako-treba-da-se-odnesuva-djentlmenot-vo-kancelarija-2

4. Џентлменот никогаш нема да се осмели да лаже кога станува збор за неговите постигнувања во кариерата.

5. Кога доаѓа на интервју, џентлменот е облечен како да дошол на работа. На тој начин тој дава до знаење дека од него може да се очекува совршена уредност.

6. Откако ќе заврши интервјуто, џентлменот секогаш испраќа порака во која ја изразува својата благодарност за укажаната прилика од страна на можниот работодавец.

7. Кога дава отказ или кога е го отпуштат од работа, џентлменот заминува гордо и достоинствено. 

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg