Стратегија за успешен ден
Колку пати досега сте посакале да знаете некој рецепт за успешен ден? Како на крајот на денот да бидете задоволни со она што сте и она што сте го направиле во текот на денот?
Сакате да успеете да ги завршите сите обврски и да имате доволно енергија и време кои ќе си ги посветите на себе. На крајот на денот, сигурно посакувате мирно и задоволно да заспиете.
Често се чувствуваме притиснати од дневните обврски, претрупани со работа и крајно истоштени.
Прашањето е колку навистина работиме на тоа да се променат некои работи, а колку чекаме нештата сами од себе да се променат и решат. Чекајќи, доаѓаме до ситуација додека работите не ни се видат нерешливи.
Токму од сите овие причини, потребно е да се направи стратегија за успешен ден:
1. Планирање
- Долгорочно или краткорочно
- Запишете ги обврските
- Секое утро планирајте го денот
- Мора да знаете колку време ви е потребно за секое нешто
- Планирајте ги паузите и времето помеѓу паузите и обврските кое ви служи за подготовка или движење.
- Испланирајте и дополнително резервно време
- Планирајте го редоследот на задачите за да го оптимизирате времето на извршување
2. Приоритети
- Приоритетите се ваши, не туѓи
- Поделете ги обврските на рутински и задолжителни
- Секогаш почнувајте од големите обврски
- Рутинските работи правете ги паралелно. Додека едно нешто треба да почекате да се заврши, во меѓувреме завршувајте нешто пократко и побрзо.
- Ако нешто ве изненади, пресложете ги обврските и приоритетите – затоа ви е потребно резервно време.
- Истите правила треба да ви важат и во приватниот и во деловниот живот.
- Времето за себе има ист приоритет како и времето за другите
Сигурно помислувате дека сите овие работи веќе ги знаете, но ништо не ви се успева во животот.
Всушност, причината за тоа се уверувањата кои ги користите за залажување на себе, дека сте дале сè од себе и не можете ништо да промените, таков е животот мора да се издржи, мора да правите работи што не ги сакате итн. итн.
Но, изборите ги правиме сами и единствено што е важно е колку силно веруваме во она што го сакаме. Доколку нешто се сака се бара начин, а не изговор.