Исто место, различен знак: Каде што барал работа, се вратил да најде нови вработени
Невработеноста се јавува како проблем во многу земји, па и во Америка. Многу од оние кои завршуваат факултети се оставени сами на себе за да се снаоѓаат со работа, па се принудени да работат што било без разлика за што учеле.
Некои од нив, пак, се покреативни и наоѓаат разни начини за да привлечат внимание и да стигнат до посакуваната работа.
Така, 22-годишниот Алфред Аџејни, кој дипломирал на отсекот за маркетинг решил да застане на железничката станица со плакат на кој пишува што има завршено и дека бара работа. Всушност, нашол начин сам на себе да си направи маркетинг и да се рекламира.
Се разбира, дека бил забележан и повикан на работа, каде ги докажал и своите способности како ПР-менаџер.
Една година подоцна, со оглед на тоа колку напредувал во работата, веќе му била доделена одговорност да вработи нови луѓе кои ќе му бидат потребни како тим.
Тогаш, се сетил да се врати онаму од каде што почнал, да ја направи истата постапка како кога барал работа, но сега со поинаква порака: „Вработувам луѓе!“
Одлична идеја која дава надеж дека сепак има начини за да се променат работите и некој да ги забележи.