Изговори: Сопки кои сами си ги ставате на патот до успехот
Пријавувањето на ново работно место, започнувањето на сопствен бизнис, промена на кариерата, објавување книга се само некои од ситуациите во кои вашиот мозок ќе направи сè за да се „извлече“ од она што сакате да го постигнете.
Изговорите се појавуваат во многу облици. Со колку од нив вие се борите?
„Не сум доволно добар“
Без оглед на тоа дали сте почетник или искусен професионалец, да не се биде доволно добар е нешто универзално и им задава болка на сите креативни луѓе.
Нема личност која не била жртва на некоја ментална состојба, единствено по што се разликуваат луѓето е начинот на соочување со тоа.
Следен пат, кога ќе се почувствувате безвредно, донесете свесна одлука да си го поставите прашењето „За кого? или За што?“
Исто така, престанете да се споредувате со луѓето кои доминираат во одредена област. Запомнете дека и нив им биле потребни макотрпни години за да стигнат до она што се денес.
Престанете да зборувате дека не можете да се натпреварувате со големи имиња, никој тоа не го бара од вас.
„Сè е веќе видено“
Ништо не може да ве префрли од креативна во депресивна состојба како оваа мисла. Ако сакате да направите нешто, да развиете производ или да започнете бизнис и наеднаш ви дојде мислата „Не е ништо ново“, не може да си зададете полош удар.
Можеби сте во право, но не е поентата во тоа. Она што е ново е вашата единствена перспектива, вашето мислење и искуството низ кое сте поминале. Само вие можете да ја раскажете вашата приказна и на светот да му претставите нешто единствено.
Постои уште еден практичен начин да излезете на крај со овие убиствени мисли за мотивацијата. Па што ако е сè веќе кажано или направено, не го виделе сите тоа. Можеби не им одговара обликот на сите и начинот на кој е претставено нештото. Можеби вашиот начин ќе биде поефективен. Секогаш има луѓе кои бараат повеќе идеи и решенија.
„Не сум стручњак“
Во денешно време ова е еден од најчестите изговори. Значи, вие не сте стручњак, но можете да станете ако тоа навистина го сакате. Интернетот стана дестинација која нуди многу повеќе информации, отколку што ќе успеете да прочитате во книгите и сите ви се на дофат.
Постојат и традиционалните библиотеки и факултети, па ако не сте сигурни дека сте доволно квалификувани, завршете некој факултет или стручен курс.
Само запомнете, можеби нема да бидете стручњак, но единствена личност која ве спречува да успеете сте самите вие.
„Никој не го интересира тоа што го правам“
Понекогаш вашите пријатели или роднини не ги разбираат вашите желби и тоа е сосема во ред. Луѓето на почетокот можеби нема да ви ја поддржат идејата, поради недостаток на разбирање или интересирање. Тоа е во ред, не можете да ги натерате. Прашањето е дали вам ви е важно тоа што го работите?
Мислите дека луѓето нема да го купат она што го нудите: Ако сте единствени, застанете зад тоа што го правите и трудете се да направите да биде корисно за другите. Ќе биде потребно малку време, но дефинитивно ќе дојде тоа време. Докажете се.
„Не познавам важни луѓе“
Немате врски? Создадете ги! Ретко кој уште од почеток познавал луѓе на високи позиции. Нивното внимание мора да го заслужите.
Поврзете се преку интернетот, бидејќи тоа е најлесен начин да почнете. Испратете им мејл во кој ќе објасните за она што влијаело на вашиот живот и дека го цените она што тие го работат. Прашајте ги дали можат да ви помогнат. На почетокот мора само да давате и да не барате услуги, ако не сте ја заслужиле. Запознавајте ги луѓето без мисли за тоа како можат да ви помогнат. Така е позабавно.
„Досаден сум“
Не можете да ги задоволите сите, затоа престанете да се обидувате. Пробајте да се поврзете со луѓето кои ве сакаат онакви какви што сте. Најдете ги своите луѓе, споделете ги своите идеи и изградете се како индивидуа.
„Немам никаква страст“
Веројатно нема да се разбудите едно утро и да почнете да скокате од среќа затоа што сте ја откриле својата животна мисија. Потребен е долг поглед на животот, интересите и она што ве мотивира. Наместо тоа најдете повод за да разговарате со оние кои веќе ги следат своите соништа, Набљудувајте ги и учете од другите луѓе. Мора да имате страст кон нешто, секој ја има. Само сè уште не сте ја откриле.
„Немам ресурси“
Не мора да имате пари за да успеете – мора да се снаоѓате за да го остварите тоа што го планирате. Не мора да ја имате најубавата веб страница за луѓето да ви го купуваат производот, евтината понуда е покорисна. Немате пари? Пронајдете дополнителна работа за да го финансирате сопствениот проект. Ако немате клиенти, почнете да волонтирате и собирајте препораки. Ќе најдете начин, важно е да почнете.
„Немам среќа“
Запрашајте се која успешна личност стигнала до таму каде што е само со среќа? Сите кои ќе ги прашате ќе ви кажат дека успеале со многу напорна работа, истрајност, упорност и доследност, рационално размислување. Но, никогаш нема да слушнете дека сè било прашање на среќа. Вие сами ја креирате сопствената среќа.
„Премногу е тешко“
Премногу е ризично. Предолго трае. Има премногу препреки на патот. Ништо вредно не е лесно. Не постои успех преку ноќ. Но, никогаш не можете да знаете колку е тешко ако не се обидете.
„Немам доволно енергија“
Премногу сте уморни за да се обидувате да направите сè од ден во ден. Можеби сте преземале преголем товар на себе или се занимавате со безначајни работи. Пресечете и изберете го само она што е навистина важно, другото оставете го. Откажете се од неважните работи. Научете да кажувате не. Учете од своите грешки и храбро чекорете напред.
„Веќе се обидов и не успеав“
Значи, се откажувате? Неуспехот е еден вид тест, можете само да научите што функционира, а што не. Неуспехот не може да ве уништи, ако тоа не му го дозволите. Учете од своите грешки и храбро чекорете напред.
„Не знам како да почнам“
Почнете од почеток. Информирајте се, разговарајте со некој кој веќе работел на такво нешто или користете интернет за сите информации.
„Утре ќе го направам тоа“
Тоа го кажавте и вчера. Почнете сега!