Заземете победнички став: 2 минути ве делат од успех на професионален план
Нашата невербална комуникација не влијае само врз тоа како другите нè гледаат, туку и на тоа како се чувствуваме.
Невербалната комуникација е многу поважна од тоа што го зборуваме, а само за 2 минути можете да заземете победнички став и да освоите успех на професионален план.
Со промената на држењето на телото на само 120 секунди, ќе го промените вашето однесување.
Доминантната положба која ја подигнува самодовербата е следна:
Удобно навалете се на столчето и нозете кренете ги на маса, а рацете ставете ги на колкови или прекрстете ги зад главата.
На овој начин го уверувате мозокот дека сте моќни и во вашето тело се случуваат хормонски промени, кои го менуваат однесувањето, а со тоа влијаете врз резултатите на ситуацијата.
Затоа, пред следниот важен состанок, најдете тивко место и наместете се во победничкиот став и останете така цели 2 минути.