Дали сте вие во оние 6% од луѓето кои ги оствариле своите соништа од детството?
Се сеќавате ли на вашите соништа од детството? Колку само биле реални, достижни и лесни за остварување, а вас ве водела мислата дека ќе ги достигнете кога ќе пораснете.
Тие соништа биле вашата причина за будење наутро и чекање на годините да поминат брзо само за конечно да бидете подготвени да започнете да ги остварувате соништата кои ви лежат на срце и го стегаат секогаш кога ќе се потсетите на нив.
Но, вашиот живот заземал поинаква димензија во светот на возрасните бидејќи сте се чувствувале глупаво обидувајќи се да ги остварите замислените цели од детството и да ја работите професијата од соништата или да заминете од државата, да патувате, да станете уметник, автомеханичар и што уште не.
Сте започнале живот сличен на сите останати околу вас кој се состои од работа, дома, партнер, милениче, заборавајќи што навистина ве држи живи во овој свет, сте ја заборавиле силата што ве мотивирала во детството.
Но знаете ли дека постојат луѓе кои не се откажале од тие соништа и ги оствариле иако нивниот процент во светот е многу мал, само скромни 6%?
Тие останале доследни на своите соништа и желби од кои никогаш не се откажале и успеале, а вие?