Да бидеш невработен е подобро од работење на работа што ја мразиш
Можеби ќе се согласите, можеби не, но потсвесно знаете дека работење на работа која ја мразите е многу полошо отколку да сте невработени.
Пробајте за промена да ставите сè на вашиот грб, на неискористените поволни ситуации, неправењето сопствени поволни услови и непотиснувањето на стравот од неуспех.
Еве зошто да го направите тоа без разлика на сè и да дадете отказ од работата што ја мразите уште денес.
Залудно потрошено време
Не само што го трошите залудно времето во работа на нешто што го мразите, туку и непотребно ја трошите вашата енергија што може да ја вложите во она што навистина сакате да го работите само доколку навистина посакате и се потрудите да ги следите вашите соништа и интуиција.
Не сте продуктивни
Не го давате максимумот од вас знаејќи дека не правите нешто што навистина сакате. Зошто тогаш не би дале отказ уште денес и да го дадете максимумот во она за кое што сте навистина родени да го правите?
Живеете несреќен живот!
Дефинитивно најдобрата причина поради која насловот е повеќе од вистина. Да ја работите работата која ја мразите е дефинитивно полошо од тоа да бидете невработени со желба да ја работите работата која ја сакате.
Работење на нешто што не го сакате е само прифаќање на несреќен живот!
Дали вие ја работите работата што ја сакате?