5 Колеги кои можат да ве доведат до лудило

Ако мислите дека сте единствена личност која е осудена да секојдневно да се судира со овие луѓе, се лажете.

5-kolegi-koi-mozat-da-ve-dovedat-do-ludilo-1

Овие 5 колеги можат да ве доведат до лудило, па затоа внимавајте:

1. Негативниот колега

На секој може да му се случи да има лош ден, но на вашиот колега или колешка изгледа како секој ден да им е лош. Оваа личност е опседната со драматичност, приговори и понекогаш умее да ви го качи крвниот притисок.

2. Гласниот колега

Оваа личност се однесува како да е сама на светот. Гласно се смее, зборува и не покажува ни малку разбирање кон своите соработници. Кога навечер ќе си легнете во својот кревет, можете да се заколнете дека ја слушате оваа личност, како да е со вас во собата. Не ви преостанува ништо друго освен да го/ја замолите на убав и пристоен начин да биде потивок/ка

5-kolegi-koi-mozat-da-ve-dovedat-do-ludilo-2jpg

3. Колегата кој обожава да озборува

Кога размислувате за оваа личност, се прашувате како е воопшто возможно сѐ уште да работи. Тој/таа често нема време да го одработи даденото, бидејќи целото време го поминува во озборување. Едноставно, не и обрнувајте внимание на оваа личност и работете си ја својата работа.

4. Колегата кој вечно нема пари

Таа или тој вечно позајмува пари од вас, ја јаде вашата храна, бара разни услуги, но никогаш не добивате ниту едно обично благодарам. Постои граница помеѓу добрината и наивноста, па затоа не дозволувајте да ве злоупотребуваат.

5. Личноста за која знаете сѐ

Работите заедно веќе некое време, но во првите денови вие веќе сте дознале сѐ за неговиот, односно нејзиниот љубовен живот. Таа/тој не престанува да ви раскажува за сексот, децата, проблемите со инфекции, крвната слика, наследни болести и ви се чини како да ви е доста од сѐ. Никој не ве присилува да ги слушате тие разговори, едноставно прекинете ја оваа личност на среде реченица и кажете и/му дека немате време за неа/него.

Со кои од овие колеги работите?

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg