Слатка одмазда: Бившиот ѝ велел дека не знае да готви, а таа успеала дури и слаткарница да отвори

Поранешниот маж на Кети Масунаж постојано ѝ зборувал дека не знае да готви и дека никогаш нема да научи. Но, после 25 години брак и одлуката во 2009 година да се разведе од него, Кети дошла на идеја да отвори своја слаткарница.

slatka-odmazda-bivsiot-i-velel-deka-ne-znae-da-gotvi-a-taa-uspeala-i-slatkarnica-da-otvori-01

Уште поинтересно е тоа што го нарекла „Слатка одмазда“, бидејќи, како што кажува, нејзиниот успех е најслатка одмазда.

Кети почнала да работи во кујната на својот пријател, кој имал фирма за кетеринг.

Експериментирала со рецептите за капкејкс, па сфатила дека е многу талентирана за правење мали вкусни колачиња.

Прво започнала да ги продава на плоштад, под шатор, а сега има шестмина вработени, слаткарница и прави достава на нејзините слатки.

slatka-odmazda-bivsiot-i-velel-deka-ne-znae-da-gotvi-a-taa-uspeala-i-slatkarnica-da-otvori-1.jpg

Неделно успева да разнесе 400 до 500 колачиња и торти.

Нејзините колачи се многу вкусни и популарни, а може да се најдат во најразлични вкусови со јаболко, путер од кикирики, чоколадо, сирење и пилешко.

Кети била гостинка и на некои емисии за готвење, а нејзината слаткарница „Слатка одмазда“ била претставена во неколку магазини.

За Кети, разводот значел нов почеток, а како што раскажува, бившиот и понатаму ја мотивира, но само за да биде уште подобра.

slatka-odmazda-bivsiot-i-velel-deka-ne-znae-da-gotvi-a-taa-uspeala-duri-i-slatkarnica-da-otvori.jpg

-Научив дека не треба да се плашам, особено ако го правам тоа што го сакам и во кое уживам. Да, повремено ми е ужасно тешко, но и понатаму ми е забавно.

Можеби можев да најдам подобра работа, да имам здравствено и пензиско осигурување, но едноставно секогаш знаев дека можам да го работам ова и сакав тоа да го докажам. Сега имам сè. – заклучила Кети.

slatka-odmazda-bivsiot-i-velel-deka-ne-znae-da-gotvi-a-taa-uspeala-i-slatkarnica-da-otvori-3.jpg

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg