Тинејџерка заработува цело богатство преку YouTube: „Не ми треба друга работа“
Сакала да стане славна личност на социјалните мрежи и нејзиниот сон се остварил. Џен Мекалистер (18) заработува толку многу од YouTube што не ѝ е потребна друга работа, а и не ја сака.
Кога го напуштила својот дом имала јасна визија како да успее. Пред 5 години почнала да снима видео снимки на YouTube и совршено ги искористила своите потенцијали.
Но, дури пред 3 години заедно со нејзините пријатели започнале сериозно да работат.
Со помош на советите од пријателите направиле заеднички канал.
Денес, оваа тинејџерка има стотина илјади фанови, а заработува од рекламирање одредени производи во своите клипови.
Нејзиното моментално хит видео „Kids back than vs. Kids now“ е прегледан речиси милион пати.
Според критиките кои ги упатува на денешните млади генерации и своите врсници, очигледно е дека е не е голем фан на модерната технологија и „памтните“ телефони.
- Никогаш не сум имала вистинска работа и искрено мислам дека нема да имам во блиска иднина – изјавила за Buisness Insider.
- Сакам да станам позната водителка или глумица. Тоа би бил мојот следен чекор. – додала Џен
Погледнете го нејзиното најпопуларно видео: