Најкраткиот совет на еден милијардер за сите кои сакаат да успеат во животот

Големата разлика меѓу успешните и неуспешните луѓе е во тоа што успешните го работат сè она што неуспешните не сакаат, објаснува милијардерот и претприемач Џон Пол ДеЏори.

najkratkiot-sovet-na-eden-milijarder-za-site-koi-sakaat-da-uspeat-vo-zivotot-01

Своето богатство го стекнал како еден од основачите на компанијата која се занимава со производство на препаратите за коса Paul Mitchell, но уште од 16 години работел ситни работи во една работилница за хемиско чистење.

Миел подови, чистел прозори и собирал прашина за само 1,25 долари на час.

„Еден ден дојде шефот кој беше многу строг и ме повика да разговара со мене. Прво не ми звучеше добро. Почна да ми кажува како претходниот ден работел до доцна и во еден момент забележал дека нема прашина под тепихот, ниту зад креветот“, раскажува ДеЏори.

„Не ни замислував дека некој може толку добро да си ја работи својата работа кога никој не го гледа, ми рече шефот. Ќе добиеш покачување од 25 центи“, се сеќава милијардерот.

Според она што го научил како шеснаесетгодишник, ДеЏори смета дека успехот не е во тоа колку пари имате или на која позиција сте, туку успехот е во тоа колку добро си ја вршите работата кога никој не ве гледа.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg