Мрзлив ден: Што да правите кога не ви се оди на работа?

Секому од време на време му се случува едноставно да не му се оди на работа, но што да правите кога не можете да земете уште еден слободен ден.

mrzliv-den-sto-da-pravite-koga-ne-vi-se-odi-na-rabota-01

Ова се некои од советите како да се мотивирате себе и како да го преживеете тој мрзлив и безволен ден.

Наградете се себеси

Напијте се кафе во своето омилено кафуле на пат до работното место. Направете планови за пауза. Организирајте си нешто интересно после работа, како тренинг или средба со пријателите. Потсетете се себе си дека сите овие работи се подобри отколку да имате дополнителна работа следниот ден заради слободниот кој сте го земале.

Обидете се со мантра

Одберете позитивна мисла која ќе си ја повторувате цел ден, нешто што ве мотивира и прави да се чувствувате добро.

Правете ги работите чекор по чекор

Не размислувајте премногу однапред. Станете од креветот, истуширајте се, јадете и излезете надвор. Некогаш е најдобро постепено да го забрзувате денот.

Олеснете си

Одете со такси, наместо со автобус. Облечете се удобно. Откажете некои обврски кои сте ги оставиле за тој ден. Побарајте помош од партнерот, пријателите или семејството.

Бидете незабележителни

Ако не се чувствувате доволно мотивирано, можеби денес не е најдобар ден за комуникација со шефот и колегите. Направете сè што е дозволено за да се изолирате: ставете слушалки, не ја тргајте главата од компјутерот, затворете ја вратата од канцеларијата и сл.

mrzliv-den-sto-da-pravite-koga-ne-vi-se-odi-na-rabota-1

Работете го она што ви е најлесно

Можеби денес не е денот кога ќе завршите некој голем проект, но имајте на ум дека што и да сработите, колку и да е мало е повеќе од она што не би го направиле ако не сте дошле на работа. Најмалку што можете да направите е да си ја организирате работата за следните денови.

Помогнете на некој друг

Направете нешто добро за другите. Помогнете им на колегите или поделете некој комплимент. Можеби токму тоа е начинот за да ја разбудите енергијата во себе.

Бидете благодарни

Наместо да се фокусирате на причините зошто не сакате да одите на работа, сетете се на добрите страни. Живи сте, здрави и имате работа. Благодарноста ве води кон позитивни мисли, а тие привлекуваат добра енергија.

Водете грижа за себе

Правете паузи на работа кога е тоа можно. Излезете од канцеларија и прошетајте на свеж воздух. Погрижете се за утрешниот ден да бидете одморени и подготвени за подобар работен ден.

mrzliv-den-sto-da-pravite-koga-ne-vi-se-odi-na-rabota-2

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg