5 кочници кои ви го попречуваат успехот

Интелигентни сте и креативни, но од некоја непозната причина никако не напредувате. Нешто ве кочи, нешто што не гледате или пак не сакате да го видите.

5-kocnici-koi-vi-go-poprecuvaat-uspehot-01

Во текот на едно истражување откриени се 5те најчести кочници кои луѓето ги имаат кога станува збор за остварување на успех и искористување на максималниот потенцијал.

Мрзеливост - Мрзеливоста е недостаток на волја да се вложи во нешто. Иако работата не секогаш ви е привлечна, тоа не е причина да бидете пасивни. Не постои личност која потполно ги исполнува должностите и обврските, но затоа сите успешни луѓе се подготвени за напорна работа.

Страв - Се плашите да не излезете смешни пред колегите, се плашите да не доживеете неуспех, се плашите да преземете иницијатива... За да напредувате, одбијте ги мислите дека сте ограничени на било кој начин. Изградете силна самодоверба, развијте ги максимално своите таленти и вештини.

Негативни мисли - Дружете се со колегите кои одговараат и се радуваат кога во близина имаат добар работник. Престанете да се зближувате со оние кои имаат низок квалитет на работа. Дружете се со луѓе какви што сакате да бидете.

Претерано анализирање - Премногу размислување создава параноја. Не размислувајте една ситуација по 10 пати, тоа само ве кочи во напредокот. Пронајдете активност која ќе ве опушти, како што е прошетката или спортот. Кога ќе се вратите на работа ќе бидете подготвени за работење и нови успеси, наместо за неколкучасовни анализи.

Бесцелност - Ништо не планирате, верувате дека некако и некаде сè што треба ќе се случи? Неопходни ви се цели, а стручните лица кои се занимаваат со мотивациски активности предлагаат секојдневно да се будите со мислата дека треба нешто да направите за да и се доближите на целта. Обидете се, ќе вреди.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg