14 изненадувачки ефикасни вежби за стомачни мускули

Кога станува збор за обликување на стомачните мускули сите ја знаеме класичната вежба за овие мускули. Сепак, најновите истражувања покажале дека ова вежба воопшто не е ефикасна, бидејќи не ги активира сите поголеми мускули.

14-iznenaduvacki-efikasni-vezbi-za-stomacni-muskuli-01.jpg

Атлетичарот Еван Бетс создал програма за тренирање која целосно ќе го смени начинот на кој вежбате и ќе ви покаже како да стигнете до затегнати стомачни мускули.

Секоја вежба се изведува во времетраење од 1 минута со 20 секунди пауза меѓу сериите. За најдобри резултати изберете 2-3 од вежбите подолу и откако ќе ги направите сите одморете 1 минута и повторете ги уште 2-3 пати, секако во зависност од вашата кондиција.

1. Високи колена

Раширете ги нозете во ширина на рамената и трчајте во место така што ќе ги кревате колената високо. Не заборавајте да ги стегнете стомачните мускули и да го држите грбот исправен.

14-iznenaduvacki-efikasni-vezbi-za-stomacni-muskuli-1


2. Висок скок

Застанете исправено и свиткајте ги рацете под агол од 90 степени. Малку свиткајте ги колената и започнете со скокови така што колената ќе ги допираат дланките. При доскокот задржете го благото свиткување на колената.

14-iznenaduvacki-efikasni-vezbi-za-stomacni-muskuli-2


3. Подвижен планк

Застанете во позиција на висок планк и со рацете една по една спуштете се на лакти и исправете се. Стегнете ги стомачните мускули и повторувајте 30 секунди, а потоа сменете ја раката со која ја почнувате вежбата.

14-iznenaduvacki-efikasni-vezbi-za-stomacni-muskuli-3


4. Поскокнување од позиција на планк

Започнете од позиција на висок планк. Потскокнете така што ќе ги раширите нозете и потоа ќе ги вратите во почетната положба. Внимавајте рацете да ви бидат прави во текот на вежбата.

14-iznenaduvacki-efikasni-vezbi-za-stomacni-muskuli-4


5. Планк со истегнување на рацете

Започнете од позиција на висок планк. Полека започнете да ги движите дланките нанапред сè додека не го истегнете целосно телото. Кога ќе го достигнете максимумот постепено започнете да се враќате назад во првичната положба.

14-iznenaduvacki-efikasni-vezbi-za-stomacni-muskuli-5


6. Наизменичен планк

Започнете од позиција на висок планк. Стегнете ги стомачните мускули и кренете ја левата рака и десната нога сè додека не станат паралелни со подот. Вратете се во почетната позиција. Повторувајте, менувајќи ги страните.

14-iznenaduvacki-efikasni-vezbi-za-stomacni-muskuli-6


7. Скорпија

Започнете така што ќе стоите на стапалата и на рацете. Стегајќи ги стомачните мускули префрлете ја тежината на десната страна. Кренете ја левата рака и левата нога и свретет го торзото така што градите ќе ви бидат свртени кон таванот. Со левата рака допрете ги прстите на десната нога. Вратете се во првичната положба. Повторувајте, менувајќи ги страните.

14-iznenaduvacki-efikasni-vezbi-za-stomacni-muskuli-7

Уште 7 вежби на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
6 вежби што можете да ги правите додека ја гледате омилената серија Ако повеќе сакате да си пуштите серија или филм отколку да одите во теретана, зо...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...
Јога пози со кои ќе го подобрите капацитетот на белите дробови Одредени јога пози ги „отвораат“ градите при што се подобрува протокот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg