Најсилната девојка во светот има 24 години, 45 килограми и 152 cm (видео)
Најсилната девојка во светот, покрај која и најсилните мажи се откажуваат е Кејси Катензеро која го воодушеви светот со настапот во финалето на реалното шоу „Нинџа војници“.
Во текот на натпреварувањето натпреварувачите поминуваат низ разни тешки препреки, без да ја штедат сета своја сила.
Она што е неверојатно е како една ситна девојка од 152 cm, со вкупно 45 килограми и само 24 години, може да биде толку секси и истовремено поцврста и посилна и од најсилните мажи со околу 100 килограми и висина од речиси 2 m.
Ништо од нејзиниот профил не укажува на тоа што сè може да постигне оваа девојка. Кога ќе дознаете дека има завршено факултет за ликовна уметност, сигурно веднаш ја замислувате како црта на платно.
Но, кога ќе откриете дека 18 години вежба гимнастика, тогаш донекаде почнувате да сфаќате од каде ѝ е желбата, упорноста и издржливоста.
Нејзиното момче Брент Стефенсен е нејзин тренер, а таа е единствената девојка која успеала да ја помине најтешката пречка во финалето и да ги надмине мажите.
Ова треба да се види: