Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ирвасите си ја менуваат бојата на очите и уште 7 животни кои развиле „супермоќи“

Нилските коњи имаат природна заштита од сонце

За нилските коњи може да се каже дека си имаат природен заштитен крем од сонце.

Тие можат да поминат часови под жешкото сонце, а да не почувствуваат никакви последици од тоа.

Оваа заштита им ја нуди течност што ја лачи нивната кожа, нарекувана и „пот на нилски коњ“.

Течноста има молекуларна структура што ја распрснува сончевата светлина, па така ја штити кожата од штетните зраци.

Течноста, односно секретот има црвенкаста нијанса поради црвените и портокаловите пигменти.

За овие пигменти, пак, истражувањата покажале дека можат да ја апсорбираат ултравиолетовата светлина, нудејќи уште поголема заштита на кожата.

irvasite-si-ja-menuvaat-bojata-na-ochite-i-ushte-7-zhivotni-koi-razvile-supermokji-06.jpg

Змиите имаат сензор за топлинско зрачење

Змиите можат да го почувствуваат вашето присуство само од топлината што ја зрачи вашето тело.

Некои видови змии се опремени со сензори за топлинско зрачење со кои можат да ја детектираат топлината на некое суштество на растојание и од неколку метри.

Змиите всушност го „гледаат“ инфрацрвеното зрачење што кај топлокрвните суштества се оддава како топлина.

Овие сензори на змиите се наоѓаат на предниот дел од нивната уста, речиси веднаш под ноздрите.

irvasite-si-ja-menuvaat-bojata-na-ochite-i-ushte-7-zhivotni-koi-razvile-supermokji-07.jpg

Лососот има уред за навигација

Лососите го користат магнетното поле на Земјата за да се ориентираат или, со други зборови, си имаат вграден уред за навигација.

Токму со овој уред овие риби знаат кон каде да се движат и минуваат огромни растојанија без да се изгубат.

Според истражувањата, лососот има микроскопски кристали на магнетит во ткивото. За магнетитот се верува дека е можеби најмагнетизираниот минерал кој се наоѓа на Земјата.

Експертите сметаат дека магнетитот во ткивото на лососот реагира на магнетното поле на Земјата со што им „кажува“ на рибите во која насока да се движат.

Потребни се повеќе истражувања за целосно да сфати овој механизам кај рибите, но и со она што веќе го знаеме станува јасно дека ова е навистина импресивна супермоќ.

irvasite-si-ja-menuvaat-bojata-na-ochite-i-ushte-7-zhivotni-koi-razvile-supermokji-08.jpg

Делфините можат да „исклучат“ една хемисфера од мозокот

Делфините спијат поразлично од повеќето цицачи. Кога е време за спиење, тие можат да ја „исклучат“ едната хемисфера од мозокот и да го затворат само спротивното око.

Односно, ако „спие“ десната хемисфера, ќе го затворат левото око, и обратно.

Додека спијат, „будната“ хемисфера ја набљудува нивната околина и го контролира дишењето.

Во период од 24 часа, делфините ја одмараат секоја хемисфера по околу четири часа.

Постојат неколку причини зошто делфините спијат вака. Најпрво е дишењето – тие постојано свесно го контролираат дишењето, што значи мораат да го прават тоа и додека спијат.

Втората причина е нивната безбедност – кога се практично полу-будни, полесно ќе можат да воочат некоја опасност и да избегаат.

И трето, овој начин на спиење им овозможува на делфините да изведуваат мали движења со кои ја регулираат температурата на телото додека се во студената вода.

irvasite-si-ja-menuvaat-bojata-na-ochite-i-ushte-7-zhivotni-koi-razvile-supermokji-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg