10-те најголеми животни и птици кои некогаш постоеле на Земјата

Краткомуцеста мечка (Arctodus sp.)

Овие изумрени мечки живееле на територијата на денешна Северна Америка, пред околу и 10.000 години. Постојат два подвида од овие мечки, од кои едниот се смета за најголемиот копнен цицач во историјата на Земјата.

Според фосилите, поголемиот вид бил висок 2,5 до 3 метри кога стоел исправен. Кога оделе на сите четири, овие мечки биле високи помеѓу 1,5 и 1,8 метри. Се претпоставува дека тежеле повеќе од 1.200 килограми.

Во некои пештери во Мисури се пронајдени траги од нивните канџи на височина од 4,6 метри, поради што се претпоставува дека некои единки можеби достигнувале и висина од 3,7 метри.

07.JPG

Гигантопитек (Gigantopithecus)

Овие џиновски мајмуни наликувале на горила и се верува дека живееле пред околу 300.000 години на територијата на денешна Кина.

Бидејќи палеонтолозите уште немаат пронајдено цел скелет од ова животно, за неговата големина се носат претпоставки врз основа на пронајдените заби и некои коски. Според претпоставките на експертите, овие животни веројатно биле високи до 2,7 метри, а тежеле до 270 килограми.

08.JPG

Џиновски носорог (Paraceratherium)

Овие животни се еден вид носорози, но без рог, и се едни до најголемите копнени животни кои некогаш чекореле на Земјата. Тие живееле пред околу 30 милиони години, на повеќе територии – остатоци се пронајдени и на Балканот.

Слично како со џиновскиот мајмун, уште не пронајден целосен скелет и од овие суштества, па научниците само претпоставуваат за нивната големина.

Се верува дека нивно тело било долго 8,7 метри, а високо околу 5 метри.

09.jpg

Џиновски птеросаурус (Quetzalcoatlus)

Овие диносауруси се едни од најголемите животи со крилја кои некогаш постоеле. Живееле пред околу 66 милиони години, на територија да денешна Америка.

Според најголемиот примерок откриен досега, распонот на крилјата на овие диносауруси бил околу 15,9 метри. Според други фосили, просечниот распон на нивните крилја бил најверојатно помеѓу 10 и 11 метри.

10.JPG

Син кит

Џиновските животни не живееле само во минатото – синиот кит, иако загрозен, е вид што уште опстојува.

Синиот кит се смета за најголемото животно кое постоело на Земјата и има должина од 30-тина метри, а во просек тежи 150 тони. Иако се огромни, сините китови се хранат само со планктони и, за жал, денес се вид на кој му се заканува исчезнување. Се претпоставува дека денес постојат само уште 25.000 единки во океаните ширум светот.

11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg