-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ексклузивни фотки од новите жители на ЗОО Скопје - три неодоливи пингвини

Минатата ноќ, 16.12, во Скопје ЗОО пристигнаа новите животни - неколку преслатки пингвинчиња.

ekskluzivni-fotki-od-novite-zhiteli-na-zoo-skopje-tri-neodolivi-pingvini-01.jpg

Синоќа на официјалниот Instagram профил на зоолошката во Скопје ја споделија веста дека конечно пристигнале пингвините.

Пингвините веќе оствариле контакт со негувателите и ја добиле првата вечера во новиот дом. Некој период тие ќе поминат во карантин за да можат да се адаптираат на новата животна околина, а од зоолошката велат дека редовно ќе гледаме фотографии и видеа додека да дојде време да ги видиме во живо.

Од зоолошката споделија две фотографии - на едната се гледаат три кафези, а на втората се гледаат три пингвини.

sinokja-vo-skopje-zoo-pristignaa-novi-zhivotni-nekolku-slatki-pingvini-foto-02.jpg

„Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен. Благодарност до Град Скопје што ни овозможија да имаме ново прекрасно катче во градината, со уште попрекрасни птици за првпат кај нас“, пишува во објавата.

sinokja-vo-skopje-zoo-pristignaa-novi-zhivotni-nekolku-slatki-pingvini-foto-03.jpg

Ексклузивно за CRNOBELO.com, портпаролот на Скопје ЗОО Тина Мицковска, испрати неколку слатки фотографии од новите жители на зоолошката.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg