Запознајте ја најшарената нежна птица на светот со сите бои на виножитото (фото)
Многу видови на птици се одликуваат со неверојатни бои на пердувите. Но, конкретно овој тип на мала птица има повеќебојно тело, со светло-кафеаво клунче и тело во сите бои на виножитото.
Leptopoecile sophiae е вид на птица во рамките на семејството на Aegithalidae којашто за првпат е опишана од страна на Николај Северзов во 1873 година. Оваа птица е неверојатно малечка, најчесто тежи од 6 до 8 грама, а е долга од 8,5 до 10 сантиметри.
Машките видови имаат исклучително живописни бои, со карактеристичен сино-виолетов граден кош. Женските видови пак генерално не се толку вибрантниообоени, туку се одликуваат со посмирени, пастелни тонови.
Овие видови на птици потекнуваат од Хималаите, Тибетската висорамнина, Русија и поголемиот дел од северозападна Кина, а претпочитаат сува планинска клима на височина од 2000 до 5000 метри). Во зима имаат тенденција да се преселат во пониските делови на земјата.
Во секој случај може да се согласиме дека се прекрасни, нели?
(О)Милена | Црнобело