Храна што никако не смеете да ѝ ја давате на вашата мачка
Свежо и суво грозје
Ова здраво овошје може да предизвика сериозен проблем кај вашата мачка. Свежото и сувото грозје можат да предизвикаат проблеми со бубрезите, кои подоцна можат да се развијат во сериозна болест.
Причината за оваа реакција кај мачките, засега е непозната.
Тесто со квасец
Проблемот со тестото со квасец е што кога ќе се консумира сирово, може да се прошири и да ги блокира цревата.
Покрај тоа, откако ќе ферментира, квасецот содржи шеќери кои имаат алкохол, кој пак е штетен за мачките.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови имаат многу масти, па можат да ја здебелат вашата мачка.
Додека мастите од јаткастите плодови се добри за нас, мачките не можат да ги дигестираат. Поради ова можат да се појават проблеми со стомакот и повраќање.
Печурки
Иако можеби малку печурки нема да направат проблем, некои видови содржат токсини кои се штетни за мачките. Па, за да избегнете компликации, не им давајте печурки на мачките.
Домати
Незрелите домати и нивните листови содржат супстанца наречена томатин, која е многу отровна за мачките.
Консумирањето на оваа супстанца може да предизвика повраќање, проширување на зениците, намален апетит и многу други симптоми.
Спирова С. | Црнобело