Тажна глетка - Изгладнет слон покриен со фестивалски костими за да не покажат колку е слаб
Деновиве се шират фотки со срцепарателна глетка – како изгледа изгладнет 70-годишен слон чие слабо тело се покрива со костими за изведба на фестивали?
Животните ширум светот се малтретирани во огромна мера за циркузантски и фестивалски изведби, а луѓето не се воопшто свесни низ што сè поминуваат кутрите суштества.
70-годишната женка - слон, Тикири, и оваа година ќе биде принудена да „настапува“ заедно со уште 60 други слонови на Perahera фестивалот во Шри Ланка.
Нејзиното слабо тело ќе биде покриено со декоративни, огромни костими за време на 10-дневниот будистички фестивал, каде може да се видат „украсени“ животни и изведувачи како танчари, џонглери, фрлачи на оган и музичари.
По повод Светскиот ден на слоновите (12-ти август), фондација за спасување на слонови објави срцепарателни фотографии од Тикири, која е дел од парадата секоја вечер и со изнемоштено тело оди по неколку километри и покрај гужвата, огнометите и димот на кој е изложен.
За жал, додека сите уживаат во церемонијата, никој не го гледа нејзиното тело од „коски и кожа“ и слаба здравствена состојба заради костимите...
This is Tikiiri, a 70 year old ailing female. She is one of the 60 elephants who must work in the service of the...
-->Posted by Save Elephant Foundation - มูลนิธิอนุรักษ์ช้างและสิ่งแวดล้อม on Tuesday, August 13, 2019
This is Tikiiri, a 70 year old ailing female. She is one of the 60 elephants who must work in the service of the...
Posted by Save Elephant Foundation on Tuesday, 13 August 2019
М. М. | Црнобело