Зошто нилските коњи на Пабло Ескобар ѝ се кошмар на Колумбија?

Колумбискиот нарко бос засекогаш ќе остане мрачен симбол на неговата татковина, а неговите нилски коњи сè уште слободно шетаат и тероризираат низ неа.

zoshto-nilskite-konji-na-pablo-eskobar-i-se-koshmar-na-kolumbija-01.jpg

Нарко босот Пабло Ескобар, кој се смета дека е одговорен за повеќе од 7.000 убиства, беше познат по неговиот екстравагантен начин на живот. Почина во 1993 година, но неговите бизниси засекогаш ставија црн печат на Колумбија.

Тој дополнително ѝ предизвика проблеми на својата татковина и со нилските коњи кои ги чуваше во приватната зоолошка градина во својот дом.

zoshto-nilskite-konji-na-pablo-eskobar-i-se-koshmar-na-kolumbija-07.jpg

Нилските коњи, донесени од Африка, по неговата смрт интензивно се размножуваат, дел шетаат слободно и тероризираат села.

Кога се распадна империјата на Ескобар постоеја само 4 нилски коњи, но истражувачите проценуваат дека денес ги има повеќе од 50.

zoshto-nilskite-konji-na-pablo-eskobar-i-se-koshmar-na-kolumbija-02.jpg

Поголем дел од нив живеат на имотот на Ескобар, кој беше претворен во тематски парк во 2007 година. Но, нивниот број расте, не можат да бидат задржани и дел шетаат слободно наоколу.

zoshto-nilskite-konji-na-pablo-eskobar-i-se-koshmar-na-kolumbija-04.jpg

Овие животни му штетат на природниот тек на дивиот живот во регионот. Власта почна да ги лови, но по побуната на заштитниците на правата на животните тие сопреа со тоа. Еко системот страда, а и начинот на живот на луѓето во одредени реони.

zoshto-nilskite-konji-na-pablo-eskobar-i-se-koshmar-na-kolumbija-10.jpg

Тие се опасни и територијални животни. Ловот сега е забранет, а решението се смета дека е релоцирање на животните и стерилизација.

zoshto-nilskite-konji-na-pablo-eskobar-i-se-koshmar-na-kolumbija-11.jpg

Нислките коњи се атракција за туристите, но кошмар за Колумбија. Еден експерт вели дека Колумбија е единствената држава покрај Африка во која може да видите како нилски коњи се шетаат слободно.

zoshto-nilskite-konji-na-pablo-eskobar-i-se-koshmar-na-kolumbija-05.jpg

zoshto-nilskite-konji-na-pablo-eskobar-i-se-koshmar-na-kolumbija-06.jpg

Прочитајте и 13 факти за Пабло Ескобар - имал 142 авиони за криумчарење, глувци му ги јаделе парите!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg