Бил стоматолог, продал сè и направил засолниште за животни на Крит (фото)
По години кариера тој одлучил дека сака животот да го посвети на нешто сосема поинакво и почнал со својата хумана мисија.
Theoklitos Proestakis, познат како Такис, работел како стоматолог, но одлучил својот живот комплетно да го промени и ги продал недвижнините што ги поседувал, купил земјиште и изградил засолниште за животни на грчкиот остров Крит, во кое денес има околу 500 кучиња и десетина мачки и неколку кози.
Инспириран бил кога видел едно повредено беспомошно куче и сфатил дека животните имаат потреба од соодветна медицинска нега и дека е ужасно што се комплетно препуштени сами на себе.
Тој вели дека по долги години кариера едноставно се чувствувал преморено и сакал нешто сосема поинакво.
Азилот за животни се протега на 5.200 квадратни метри и во него има многу бездомни животни, а Такис вели дека дури го продал и својот автомобил за да ги прехрани.
Неговата мисија допрела до срцето на многумина и луѓе од цел свет почнале да донираат за неговиот проект „Takis Shelter“ и да го посетуваат засолништето.
Целта на овој хуман човек е да им обезбеди подобри услови за живот на бездомните животни и да им пронајде дом барем на дел од нив, кај луѓе кои ќе ги сакаат како дел од семејството.
С. С. | Црнобело