Куче се вози со сопственикот камионџија постојано, а има и „шоферска“ поза (фото)
Дали би си го посакале својот миленик за колега на работа? Еден возач на камион во Лондон го има ова задоволство.
Пет дена во седмицата по 8 часа на ден сте со колегите од работа, па така ако ги презирате своите колеги, тогаш ќе го мразите и својот живот.
Затоа, многу е важно околу вас да имате некој кој ќе ви дава енергија и ќе прави да ви биде забавно додека работите.
51-годишниот возач на камион Ники Морис го има идеалниот „колега“. Станува збор за неговиот 7-годишен француски мастиф Рокси.
Покрај тоа што постојано патува, Рокси дури се навалува на прозорецот во позата која е омилена на голем дел од возачите.
Рокси со години се вози со својот сопственик низ Лондон и работењето му го прави вистинска забава. На „паузите од работа“ се релаксира во некој од многуте лондонски паркови.
Компанијата Mango Logistics Group за која Ники работи, вели дека Рокси им е заштитен знак.
Дали и вие би сакале ваков колега на работа?
С. С. | Црнобело