5 животни кои може да го предвидат победникот на Светско првенство 2018
Во пресрет на финалниот дуел помеѓу Хрватска и Франција, постојат дури пет чудесни животни во Русија, коишто може да дадат прогноза за резултатот од натпреварот.
Се сеќавате ли на октоподот Пoл? Пред речиси една деценија, планетарно познатиот жител на аквариумот во Оберхаусен, погоди кој ќе биде првак на Мундијалот во Јужна Африка. Пoл ја „претскажуваше“ иднината, бирајќи помеѓу два сада со храна.
Оттогаш животното стана вистински хит за предвидување на резултатите. Годинава, пак, мачка, ракун, тапир, видра и кит тргнаа по неговите стапки, па се чини дека во Русија, ваквите пророштва зедоа вистински замав.
Ова се петте животни кои ќе го предвидат победникот на Светско првенство 2018:
1. Мачка
Ахилеј е глув мачор кој живее во музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург. Мачката-пророк ја предвиде победата на Русија во првиот натпревар против Саудиска Арабија. Се прашувате како? Пред него поставија две чинии со храна, а тој ја одбра вистинската.
2. Ракун
Идентичен метод применува и ракунот по име Нафања од Иркутск. Тој е веќе искусен прогнозер. Ја предвиде победата на Русија на Светското првенство во хокеј пред три години.
3. Видра
Во Сочи живее видрата Хари, која го предвиде истиот исход, така што од двете понудени, без двоумење ја одбра топката во боите на руското знаме.
4. Тапир
Во Нижни Новгород, иднината ја прорекува тапирот Клеопатра.
5. Кит
Годинава дури и китовите се интересираат за фудбал. Белиот кит Пузирјок од Анапа, без никаков проблем ја предвиде победата на Русија над Саудиска Арабија.
Во очекување на нивните предвидувања, какви се вашите прогнози? Франција или Хрватска? Кој тим ќе се радува на завршницата од Светско првенство 2018?
М. А. | Црнобело