4 компании што даваат платено отсуство ако земете ново кученце
Процесот на прилагодување на ново кученце во домот не е лесен и некои компании го разбираат тоа.
Секој што некогаш земал кученце за да чува знае колку тешка работа е тоа. Тие се вистински крзнени бебиња и бараат многу љубов и внимание додека да се навикнат на новиот дом и да создадат врска со сопствениците.
Токму поради ова некои светски компании одлучија на луѓето што ќе земат милениче да им излезат во пресрет и да им дадат слободни денови за да се поврзат со својот нов пријател.
Овие компании дефинитивно ја заслужуваат секоја пофалба:
Mars Petcare
Ова е една од првите компании што дозволи отсуство од работа кога некој од персоналот ќе земе милениче.
На работниците дозволени им се 10 часа платено отсуство, а потоа смеат да го донесат миленичето на работа.
Mparticle
IT компанијата нуди две седмици платено отсуство од работа за вработените што ќе посвојат или спасат кученце.
Тоа време е наменето за тренинг и прошетки на кучето, тврдат одговорните од компанијата, кои сметаат дека кучето е рамноправен член на семејството.
BitSol Solutions
Технолошката компанија во Манчестер нуди една седмица платено отсуство ако некој од вработените земе ново милениче.
Одговорните од компанијата велат дека кучињата се како бебиња, па потребно е сопственикот да биде дома со нив додека се навикнат.
BrewDog
Шкотската компанија за пиво дава една седмица платено отсуство, а причина за тоа е што раководството вели дека многу сака кучиња.
Не е ни чудно што вработените тврдат дека ова е најдобрата компанија за работа.
Отсуство по загуба на милениче
Некои компании даваат по неколку слободни денови во случај вашето милениче да почине. Такви компании се: Kimpton Hotels & Restaurants, Mars Inc, VMware итн.
Ние сè уште не сме слушнале за некоја ваква компанија во Македонија, а вие?
С. С. | Црнобело