Имаат 32 заба, бременост од 9 месеци: Факти за мајмуните кои ја потврдуваат теоријата на Дарвин
Склони се кон лоши навики, како алкохол и цигари, и ја ценат убавината, па можат со часови да уживаат во зајдисонцето.
Светот на мајмуните е полн со мистерии кои човекот се обидува да ги открие. Тие се сметаат за најблиски роднини на човекот и фактите за нив вчудовидуваат.
Интересни факти за мајмуните што ја потврдуваат теоријата на Чарлс Дарвин:
- Неодамна група јапонски истражувачи откри дека раѓањето на мајмуните е слично со раѓањето на човекот. Малите шимпанза од каналот за раѓање излегуваат на начин како и човекот, иако претходно се верувало дека само човекот излегува на овој начин поради процесот на еволуција.
- Бременоста кај мајмуните трае 8-9 месеци.
- Женското шимпанзо Гама живеело 59 години. Тоа е рекорд кај мајмуните во поглед на животниот век.
- Тие се социјални суштества, живеат во групи во кои постарите се грижат за помладите и им носат храна, но и во нивното општество има убиства и насилство, како и во нашето.
- Најблиските роднини или најдобрите пријатели ја преземаат грижата за бебињата ако почине мајката.
- Модерните мајмуни имаат 32 заби, исто како и човекот.
- Шимпанзата се едни од малкуте животни што си го препознаваат својот одраз во огледалото. И ова го објаснува нивниот нарицисизам и ценење на убавината. Тие можат да го гледаат и да му се воодушевуваат на зајдисонцето со часови.
- Шимпанзата и горилата се помеѓу најпаметните животни на светот, спротивно од општото верување дека тоа се делфините.
- Горилата Коко разбира 2.000 зборови на англиски јазик и има коефициент на интелигенција 95. Ова одговара на просечното ниво на човековиот интелект.
- Сличноста во ДНК-та на човекот и шимпанзата е неверојатни 90 проценти.