10 навидум безопасни животни кои може да бидат смртоносни
Сите добро знаеме дека треба да бегаме подалеку од опасните ајкули и отровните змии. Но, има и такви животинчиња кои успешно ќе ве прелажат со својот невин изглед.
Ова е листа на топ 10 кои изгледаат безопасно, а може да бидат смртоносни:
10. Панда
Нема кој не ги сака бидејќи изгледаат беспомошно и тромаво. Но, имаат опасен карактер доколку им навлезете на нивна територија и може сериозно да ве повредат.
9. Леопард фока
Изгледаат толку слатко, што ќе посакате да ги галите цел ден. Но, нивната агресивност предизвикува чести и непредвидливи напади.
8. Лебед
Иако се асоцијација за грациозност и романтика, овие животни може да ве уништат, бидејќи даваат се од себе за да се заштитат.
7. Мравојад
Изгледаат безопасно бидејќи немаат заби, меѓутоа канџите им се поопасни од било што друго.
6. Тасмански ѓавол
Животинче кое изгледа како излезено од цртан филм, идеално за домашно милениче и галење. Меѓутоа, може да биде смртоносно заради агресивноста. Името не е бадијала.
5. Слон
Иако ги гледаме како мирни и наивни суштества, да бидеме искрени, само нивната големина е застрашувачка. И се многу злобни одмаздувачи, бидејќи се интелигентни.
4. Риба која се дуе
Фатална заради токсините кои ги испушта за да се одржи во живот.
3. Смртоносна жаба
Кој би рекол дека едно жапче може да ве убие? Златната смртоносна жаба испушта токсини кои може да убијат 10 возрасни лица без да ги допре.
2. Делфин
Подгответе се за изненадување – делфините напаѓаат без причина. Интелигентни се, но и непредвидливи и токму затоа се страшни.
1. Бавен лорис
Погледнете ги тие очиња и кажете дека не се слатки... Во ред, ако го исклучиме фактот дека бавните лориси се едни од најотровните животни. Ако случајно ве гризне, може да почувствувате анафилактичен шок и други опасни појави. Научниците потврдуваат дека отровот е многу сличен по јачина како оној на кобрата.
М. Д. | Црнобело