Зошто треба да го пуштите миленичето да спие во ист кревет со вас?
И покрај многуте предупредувања дека не треба да спиете на ист кревет со вашето милениче, најновите истражувања покажаа дека оваа навика има многу предности.
Некои научници дури сметаат и дека спиењето со милениче е подеднакво важно како и здравата исхрана и редовната физичка активност.
Клиниката Mayo во Аризона спроведе истражување во кое биле испитани 40 лица додека спиеле на ист кревет со нивните миленици во текот на 5 месеци.
Резултатите покажаа дека кога миленичињата спијат со сопствениците, тоа придонесува за поцврст сон, но само ако тие не спијат многу блиску до вас. Најдобро е да ви бидат кај нозете или на другата страна од креветот.
Причината за ова се должи на фактот што животните често знаат да прават ненадејни движења додека спијат, па тоа ги буди и сопствениците.
Освен што го подобруваат сонот, ова истражување покажа и дека сопствениците биле посмирени и полни со позитивна енергија наредното утро.
Ако сепак не сакате миленичето да спие со вас, истиот ефект се постигнува и ако тоа спие во истата соба со вас.
М. В. | Црнобело