Како вистинска дива: Кученце го живее сонот на сите луѓе (фото)
Запознајте ја неодоливата Tinkerbelle! Таа има нешто повеќе од два килограми, а паралелно е модел, глумица, патувачка блогерка и голема фешнистка.
„Професионалната дива“, како ѝ стои во описот на нејзиниот профил на Инстаграм, го живее животот со полни плеќи, а секојдневно ја следат повеќе од 155 илјади луѓе на социјалната мрежа.
Tinkerbelle е мешанка од малтезер и континентален џуџест шпаниел и има неверојатен стил.
По потекло е од Њујорк, но моментално патува низ Италија, каде ги испробува сите деликатеси и посетува најбитните знаменитости.
Таа го посетила и Лас Вегас, каде малку трошела пари на коцкање, се капела на Хаваите и уживала во Дизниленд.
Додека не патува, таа обожува да се костимира во своите омилени ликови, како Хари Потер и Одри Хепберн, а кога ѝ е доста од сè, си плови на своето фламинго во базен.
Секој нов ден на Tinkerbelle ѝ е нова авантура од соништата. И после некој ќе рече – тешок е кучешкиот живот?
М. А. | Црнобело