Љубов на прв поглед: Животни и нивните плишани пријатели
Во многу нешта животните се слични на малите деца, особено кога е во прашање опсесијата со плишани играчки - животни.
Сепак, мора да се нагласи дека животните се приврзуваат за плишаните играчки поради сосема друга причина. На пример, кучињата гледаат на плишаните играчки како на нешто што го уловиле, односно жртва.
Токму затоа, често се случува плишаните мечиња да ги шетаат наоколу, стегајќи ги силно со забите околу вратот.
Другата причина поради која животните најчесто се приврзуваат кон плишаните играчки е прераното одвојување од нивната мајка. Животните-бебиња го пронаоѓаат потребниот комфор и сигурност во своите плишани пријатели, а многу често ги користат и за затоплување.
Како и да е, мораме да признаеме дека без разлика на причината, животните во комбинација со плишани играчки се нешто на што не може да се одолее.
С. У. | Црнобело