Ној го гушка напуштеното слонче на кое му недостасува мајката

Велат дека пријателите доаѓаат во сите облици и големини...

noj-koj-se-grizi-za-napusteni-sloncinja-vo-nivnoto-zasolniste-vo-kenija-001.jpg

Јото е слончето кое имало само 1 месец кога паднало во бунар и било одвоено од своето стадо.

Добротворната организација David Shelldrick Wildlife Trust (DSWT) го однела во Кенија во сиропиталиште за слонови, каде што ќе се грижат за него додека да заздрави.

Но, никој не очекувал дека покрај толку многу слонови во засолништето, тој ќе стане најдобар другар со ној по име Пиа.

Нојот бил спасен во 2014-та, кога вработените во потрага по слонче кое требало да го спасат, ја нашле оваа птица со нејзиниот брат, на кои исто така им била потребна помош.

Тие биле однесени во засолништето за слонови и оттогаш Пиа се чувствува како дома во друштво на слончињата за кои постојано се грижи за да не се чувствуваат осамени.

„Со сигурност може да се каже дека нојот Пиа верува дека е дел од стадото слонови, а Јото е повеќе од среќен и ужива во друштвото и умилкувањето во телото на неговиот нов пријател“ – велат од добротворната организација.

Погледнете ги прекрасните моменти од овие две сирачиња кои имаат можност заедно да заздрават и да се вратат во дивината кога ќе бидат подготвени:

noj-koj-se-grizi-za-napusteni-sloncinja-vo-nivnoto-zasolniste-vo-kenija-01.jpg

noj-koj-se-grizi-za-napusteni-sloncinja-vo-nivnoto-zasolniste-vo-kenija-02.jpg

noj-koj-se-grizi-za-napusteni-sloncinja-vo-nivnoto-zasolniste-vo-kenija-03.jpg

noj-koj-se-grizi-za-napusteni-sloncinja-vo-nivnoto-zasolniste-vo-kenija-04.jpg

noj-koj-se-grizi-za-napusteni-sloncinja-vo-nivnoto-zasolniste-vo-kenija-05.jpg

noj-koj-se-grizi-za-napusteni-sloncinja-vo-nivnoto-zasolniste-vo-kenija-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Го пуштив да си оди, но не сака“ „Беше гладен, дехидриран и целиот беше со рани затоа што родителите го клукале. ...
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Не сака да си оди во дивината“ Свесна дека штрковите живеат во парови, хуманата гевгеличанка Елена е подготвена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg