Ветеринар јаде во кафез на куче бездомник за да му ја врати довербата во луѓето
Грејси е екстремно срамежливо куче, посебно пред луѓе, како резултат на тоа што не била добро згрижена во минатото.
Малото куче сега се наоѓа во центарот за згрижување на животни „Granite Hills Animal Care“ кој е моментално посветен на тоа да ја научи како да функционира покрај луѓе и да и најде дом.
На почетокот Грејси постојано седела во најоддалечениот агол од нејзиниот кафез и не сакала да има никаков контакт ниту со луѓе, ниту со други животни.
Токму затоа, ветеринарот кој работи во центарот, започнал да јаде внатре во нејзиниот кафез за полека да ја научи на интеракција со луѓе.
Грејси била пронајдена покрај автопат и покажува знаци на изгладнување, хипотермија и пролапс на матката.
Сега, благодарение на грижата, повторно добива на тежина и полека, но сигурно се навикнува да биде покрај други животни и луѓе.
На ова видео имате можност да погледнете што навистина значи да се грижите за едно куче:
Н. Г. | Црнобело