Херој на денот: Жената која 26 години спасува кучиња од сигурна смрт
61-годишната Јунг Мајунг Соок од Кореја спасува кучиња цели 26 години. Досега спасила 200 животи.
Јунг живее заедно со кучињата во сиромаштија, но вели дека најважно е тоа што сите се најадени и здрави.
„Моите бебиња не се гладни. Тука може да играат и живеат слободно. Покрај нив и јас сум среќна и здрава.“
Јунг работи за да може да ги обезбеди своите основни потреби и храна за кучињата. За жал, морала да се сели 7 пати досега затоа што соседите се жалеле на галамата.
Во Јужна Кореја, постарите генерации сè уште ги сметаат кучињата за храна. За среќа, новите генерации, и по некој исклучок како оваа жена со големо срце, ги сметаат за домашни миленици и пријатели.
М. Д. | Црнобело