Последното патување: Краток филм за вистинското пријателство на фотограф и куче (видео)
За верноста на кучињата веќе не мора да се објаснува, но примерите и приказните за кои секојдневно се слуша и дознава, никогаш не може да ве остават рамнодушни.
Да се има верен пријател цели 14 години е вистинско богатство кое веројатно го заслужуваат само луѓето кои знаат да го ценат и безрезервно да возвраќаат.
Таква емотивна приказна има фотографот Бен Мун кој во 1991 година од еден стационар го вдомил Денали.
Оттогаш тие се неразделни во сите авантури, животни проблеми, радости и болести.
Кога во 2004 година на Бен му бил дијагностициран рак, тој побарал да го остават неговото куче во болничката соба. За среќа му било дозволено и Денали не се одвоил од својот пријател. Дури заедно со него спиел во креветот. Бен успеал да се излечи.
По некоја година рак му бил дијагностициран и на Денали, но поради староста, тој не успеал да се спаси.
Сепак, пред да го поздрави за последен пат, Бен успеа да го одведе на една авантура, последно патување и да го фотографира додека се дружат, а тоа да направи кратко филм во кој го претставува неговиот живот.
Погледнете го:
Погледнете дел од нивните заеднички фотографии во различни периоди: