10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка
Не ја носите на ветеринар
Препорачливо е да ја носите мачката на преглед барем двапати годишно.
Дури и ако ви изгледа потполно здрава, никогаш не знаете дали можеби има некаков проблем.
Не ја стерилизирате
Важно е да ја стерилизирате мачката, особено ако ѝ дозволувате да излегува надвор.
На улиците има премногу бездомни мачиња, па не мора и вие да додавате на проблемот.
Покрај тоа, стерилизацијата може да биде корисна за мачките.
Ако имате мачор, откако ќе го кастрирате, тој нема да пробува да избега и ќе биде помалку агресивен.
Кај женките, пак, стерилизацијата може да го намали ризикот од рак.
Оставате растенија на дофат на мачката
Ако имате растенија, добро проверете кои се безбедни за мачки, бидејќи вашата мачка сигурно ќе сака да ги јаде.
Оние кои се токсични за мачки, но и оние што сакате да ги спасите, ќе мора да ги ставите настрана од дофат на мачката.
Ѝ ги сечете ноктите
Сечењето на ноктите е најлошото нешто што можете да ѝ го направите на вашата мачка.
Покрај тоа што може да ѝ предизвика проблеми со движењето, сечењето на ноктите предизвикува болки во шепите и грбот, го зголемува ризикот од инфекции и некроза, а може да ги оштети и нервите.
Всушност, во некои земји сечењето нокти на мачки е забрането.
За мачката да не ја гребе гарнитурата во домот, купете ѝ гребалка и напрскајте ја со кетнип (catnip) спреј кој можете да го најдете во секоја продавница за миленици.
Не внимавате на вратите и прозорците
Мачките се љубопитни животни, па ако не внимавате на вратите и прозорците, лесно можат да избегаат.
Ако живеете во куќа, најверојатно мачката и самата ќе се врати. Но, ако сте во зграда, особено на повисок кат, мачката може да се повреди доколку скокне од прозорец или тераса.
Спирова С. | Црнобело