Фифи е кученце малтезер од Скопје, кое обожава дотерување (фото)
„Љубовта кон модата ми е огромна, а кога забележав дека Фифи не се буни и чека пред секое шетање да се облече, си реков тоа е тоа – таа е иста како мене. Сега ѝ направивме и велигденска фотосесија“, вели Симона Андоноска Давчевска за CRNOBELO.com, сопственичката на Фифи.
Фифи е кученце од расата малтезер кое го привлекува вниманието на Инстаграм со своите модни комбинации.
Симона Андоноска Давчевска е сопственичка на мини малтезерката Фифи
Таа за CRNOBELO.com споделува од каде желбата за да ја дотерува Фифи:
„Ја добив на подарок од мојот сопруг кога имаше 2 месеци. Сега таа има една година и пет месеци.
Нејзиниот Инстаграм профил го започнав од самиот почеток и се трудам да биде светски.
Љубовта кон модата ми е огромна, а кога забележав дека Фифи не се буни и чека пред секое шетање да се облече, си реков тоа е тоа – таа е иста како мене.
Најпрвин почнав да плетам џемперчиња како зимска колекција и замислата ми беше да имам ревија со миленици.
Но, не одеше сè по планот. Сепак, како ги завршував креациите, секој кој ќе ги видеше на Фифи ги посакуваше и сите до една беа дадени на други миленици.
Како што кажав, почнав со џемпери, а завршивме со свила и пердуви...
Фифи живее прекрасен живот, патува и шета секаде со нас.