Љубопитноста на децата е нескротлива. Желбата постојано да учат нови нешта е искрена и постојана. Тие се природни иноватори со моќна имагинација, а изложувајќи ги на креативни искуства им подаруваме богато детство и силна подлога за креативно изразување и истражување и натаму низ животот.