Сите детали за скандалозниот и нелегален проект на ЦИА за контролирање на луѓе (опојни супстанции и физичка тортура)
Двајца научници изведуваат експеримент со LSD
Истражувачите подметнувале ЛСД и на вработени во ЦИА, воени лица, лекари, владини агенти и цивили, и ги набљудувале нивните реакции.
По примањето на дозата, дел од жртвите биле испрашувани во силно осветлени простории, а ако станеле свесни дека се дрогирани, добивале закани по живот.
За појаснување, ЛСД е многу моќна психоактивна дрога која, меѓу другото, предизвикува и визуелни халуцинации. Несаканите ефекти вклучуваат анксиозност, параноја и делузија, кои се појавуваат дури и откако ќе помине дејството на дрогата.
Маж кој своеволно се пријавил за експеримент со ЛСД во 1966 година, неповрзан со MK-Ultra
Луѓето кои користат ЛСД своеволно, земаат многу мали количества. Жртвите на ЦИА добивале огромни дози, некогаш и по десетици денови по ред. Па, можете само да замислите во каква ментална состојба биле.
ЦИА не запрела со ЛСД – почнале да експериментираат и со други дроги, како хероин и морфиум.
На некои жртви им инјектирале амфетамин во едната рака, а во другата барбитурати (група антидепресиви). Прво инјектирале барбитурати, а кога жртвата ќе заспиела, ѝ инјектирале амфетамин за да се разбуди.
Декласифицирани документи на ЦИА укажуваат на тоа дека во почетокот на проектот се користела и хипноза.
Дел од експериментите вклучувале и индуцирање анксиозност со хипноза.
Некогаш на жртвите се користеле и електрошокови, до 40 пати посилни од вообичаено.
Кај дел од испитаниците била индуцирана кома, а во позадина им се пуштале звуци како гласна врева или постојано повторување на некоја фраза.
Третман со електрошокови (неповрзан со MK-Ultra)
Во 1973 година, веднаш по скандалот Вотергејт што кулминираше со оставка на претседателот Ричард Никсон, тогашниот директор на ЦИА почнал да се плаши дека ќе бидат разоткриени.
Па, наредил да бидат уништени сите документи поврзани со МК-Ultra.
По неговата наредба, биле уништени сите, освен околу 8.000 страници кои по грешка се наоѓале во потполно друга зграда.
Во 1974 година, The New York Times објави колумна во која ја обвини ЦИА за изведување нелегални експерименти врз државјани на САД.
Во 1977 биле откриени неуништените документи и била почната сериозна истрага. Сепак, бидејќи биле нецелосни, многу детали останале непознати и всушност никој не бил обвинет за проектот.
Во 1985 година, беше објавено дека MK-Ultra не бил само еден проект.
Ова биле 162 различни проекти кои биле индиректно финансирани од ЦИА, а на нив се работело на разни универзитети, истражувачки центри и слични установи.
Дел од проектот биле вкупно 80 институции и 185 истражувачи, а повеќето од нив ги вршеле грозните истражувања несвесни дека работат за ЦИА.
Институт во Канада каде што се вршеле дел од експериментите
По обелоденувањето на проектот, бројни жртви поднесоа тужби, а американските власти до последно одбиваа да ја прифатат вината.
Сепак, дел од жртвите добија финансиски надомест.
Во 2001 година, ЦИА декласифицира дел од „преживеаните“ документи и тврди дека денес е прекината секаква активност во врска со проектот.
Досега никој не одговарал за тортурата што ја трпеле бројните испитаници.
Спирова С. | Црнобело