Сите детали за скандалозниот и нелегален проект на ЦИА за контролирање на луѓе (опојни супстанции и физичка тортура)

Проектот MK-Ultra на ЦИА вклучувал ужасни експерименти врз луѓе, како електрошокови, подметнување огромни дози ЛСД и физичко малтретирање, сè со цел да се открие дрога или техника за контрола на луѓе. До денес, никој не одговарал за грозоморните експерименти.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-01.jpg

Проектот MK-Ultra е нелегален експеримент на американската ЦИА кој почнал во 1953, а завршил во 1973 година. Целта на експериментот била да се откријат дроги и процедури кои ќе ги „скршат“ луѓето за време на испрашување, со цел да можат да бидат контролирани и натерани да ја кажат вистината.

Експериментите вклучувале психичка и физичка тортура над испитаниците, кои неретко добивале електрошокови и биле присилени да земаат огромни дози психоактивни дроги како ЛСД.

Со години, MK-Ultra беше само теорија на заговор и дури во 2001 година ЦИА обелодени неколку документи од грозоморниот проект.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-02.jpgСедиштето на ЦИА

Се верува дека проектот MK-Ultra e продолжение на експерименти кои се вршеле за време на Втората светска војна, најчесто во нацистички концентрациони кампови, вклучувајќи го и Аушвиц.

Експериментите се фокусирале на контрола на луѓето и, според новинарот Стивен Кинзер кој најмногу има истражувано за MK-Ultra, нацистичките лекари честопати користеле психоактивни супстанци и им вршеле физичка тортура на затворениците во камповите за оваа цел.

Според новинарот, ЦИА дури најмила и нацистички лекари за да им помогнат во проектот MK-Ultra.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-03.jpgЗатвореници во концентрационен камп во Втората светска војна

Проектот MK-Ultra започнал на 13 април 1953, под водство на тогашниот директор на ЦИА – Ален Дулс.

Оваа година завршила Корејската војна која се водела помеѓу Јужна Кореја и Северна Кореја. Јужна Кореја била поддржана од САД, додека Северна – од Кина и Советскиот Сојуз.

Во војната, многу Американци станале воени затвореници во Северна Кореја и нејзините сојузници од војната.

Американските власти, пак, биле сигурни дека на воените затвореници се користат техники за контрола на нивниот ум, па решиле самите да развијат некоја слична техника.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-04.jpgВојници за време на Корејската војна

Неретко нивните „лабораториски глувци“ биле воени затвореници од Корејската војна, но и цивили.

Со проектот, ЦИА сакала да создаде „совршена дрога за кажување на вистината“ која ќе ја користи на шпиони од Советскиот Сојуз. Истовремено, тие сакале да откријат дали има други начини да се контролира нечиј ум.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-05.jpgДиректорот на ЦИА под чие водство почнал проектот

Во официјален документ од 1955 година има наведено неколку видови супстанци на кои се фокусирало истражувањето, вклучувајќи:

  • супстанци кои ќе го засилат дејството на алкохолот
  • суптанци кои поттикнуваат нерационално размислување и импулсивност
  • супстанци кои го зголемуваат отпорот на физичка тортура
  • супстанци кои предизвикуваат шок и збунетост подолг период
  • супстанци кои предизвикуваат парализа

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-06.jpgПоранешното седиште на ЦИА

За да го постигнат сето ова, од ЦИА почнале да прават сурови експерименти со луѓе, а за оваа цел потрошиле над 80 милиони денешни долари.

Најпрво, тие почнале да прават експерименти со дрогата ЛСД.

Во еден експеримент, тие им подметнувале ЛСД на затвореници, пациенти во ментални установи и проститутки. Или, како што самите навеле во еден документ – одбирале луѓе кои не можат да се бранат и да даваат отпор.

Тие злоупотребувале и зависници од хероин на кои им ветувале дека ќе им дадат хероин ако земат и ЛСД.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Се заколнуваат на тајност до крајот на животот – Строгите правила што ги следат агентите на ЦИА Нормално, мора да се заколнат на лојалност на САД и ако ја предадат државата на ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg