10 трикови и совети за совршени Инстаграм фотки

Не правете селфи фотографии со предната камера

Иако денес и предните камери на телефоните се со одличен квалитет, избегнувајте ги за селфи фотографии.

Тие можат да ја искриват перспективата, а и секогаш ќе бидат со малку послаб квалитет.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-07.jpg

Покажете ја модната комбинација во седечка положба

Позите во седечка положба се можеби најдобри кога сакате фокусот да биде на модната комбинација бидејќи ви овозможуваат да ги скриете работите што не ги сакате, а да го истакнете она што ви се допаѓа.

Уште подобро ако малку го смените аголот. На пример, фокусот нека бидат вашите нозе, како на фотографијата десно.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-08.jpg

Позирајте со рацете

За поприродна фотографија, важно е да ги користите и рацете кога позирате.

Експериментирајте со разни пози и најдете што ви изгледа добро, но и природно.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-09.jpg

Позирајте во движење

Уште еден едноставен начин за поприродна и динамична фотографија.

Наместо да седите или стоите, фотографирајте се во чекор.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-10.jpg

Максимално искористете ја облеката

Ако, на пример, носите фустан со шлиц, покажете ја ногата кога позирате.

На споредбата подолу и самите ќе забележите колку подобро изгледа Салма Хајек кога позира на овој начин.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg