10 трикови и совети за совршени Инстаграм фотки

Нападната шминка е подобар избор за фотографии, а за да изгледате поприродно, користете ги и вашите раце кога позирате. Кои други трикови ќе ви помогнат да ги подобрите вашите Инстаграм фотки?

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-01.jpg

Споделувањето фотографии на социјалните мрежи, особено Инстаграм, стана голем дел од нашето секојдневие.

Па, нормално е да сакате вашите фотки да изгледаат подобро, особено ако мислите дека немате некој талент за фотографирање.

10 совети што ќе ви помогнат да правите совршени Инстаграм фотки:

Накитот ви е најдобар пријател

Ако најчесто објавувате селфи фотографии, по некое време можат да станат монотони.

Затоа, во овој случај, накитот ви е најдобриот пријател.

Впечатливите парчиња накит драстично го менуваат изгледот на целата фотографија, па слободно експериментирајте со нив.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-02.jpg

За фотки, повеќе шминка е подобро

Иако во реалноста нема да изгледа најдобро, нападната шминка е всушност многу подобра за фотографии.

Ако шминката е многу бледа, голема е веројатноста воопшто да не се познава на фотографиите.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-03.jpg

Позирајте за групните фотографии

Кога се фотографирате со семејството или пријателите, немојте само да стоите едни до други.

Слободно прегрнете се, застанете во различни пози и, генерално, преку фотографијата покажете колку пријатно се чувствувате едни покрај други.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-04.jpg

Најдете го вашиот најдобар агол

Не заборавајте дека инфлуенсерките прават стотици фотографии пред да одберат една совршена што ќе ја споделат онлајн.

Па, истото правете го и вие.

Најдете потрпелива личност која ќе ве фотографира и пробувајте разни пози додека да ја најдете вашата најдобра.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-05.jpg

Направете триаголник со телото

Кога не сте сигурни за позата, пробајте да направите триаголник со телото.

На пример, на фотографијата лево триаголникот е формиран со целото тело, додека Аријана Гранде на десната фотографија формира триаголник со рацете.

Обично ваквите пози прават да изгледаме подобро, а притоа ѝ додаваат и динамика на фотографијата.

10-trikovi-i-soveti-za-sovrsheni-instagram-fotki-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg